Интер ја “реши“ Парма на нејзин терен!

116
ФОТО: Inter/FB

Вечерва од терминот од 20:45 часот се одиграа три меча од 19.коло во Серија А. Лидерот на табелата, составот на Интер продолжува со победите, и вечерва составот на стратегот Кристијан Киву успеа да освои три бода и тоа на гости кај Парма славејќи со 0:2. Прво Димарко погоди за 0:1 во 42.минута, за да Тирам во осмата минута од судиското продолжение стави точка со гол за конечни 0:2. Сега Интер има +4 пред Наполи, исто толку и пред Милан, ама “росо-нерите“ имаат меч помалку.

Лацио дома со Фиорентина одигра 2:2. Гостите имаа водство од 0:1 до 90+5.минута кога Педро од пенал израмни и го спаси својот тим од пораз.

Претходно за Лацио погоди Каталди за 1:0, но “Виола“ дојде до 1:2 со головите на Госенс и Гудмундсон од пенал, но и тоа не беше доволно за победа.

Удинезе како гостин славеше со 1:2 кај Торино.

ПретходноХаланд “тресеше“ ама Сити киксираше, Росениор имаше што да види во поразот на Челзи!
СледноГо нема Аморим, ама Јунајтед повторно не победува! Њукасл го “скрши“ Лидс со гол во 90+12.минута