Струга ТЛ во Анталија ќе игра пријателски со Тренчин, Пахтакор, Рубин Казан, Сочи…

105
ФОТО: FC Struga/FB

Струга ТЛ о официјално потврди четири контролни натпревари во Анталија, Турција. Стружани моментално тренираат во Струга, но како што е познато, тимот ќе се пресели во Анталија на 17 јануари.
Првиот натпревар ќе се игра на 19 јануари против словачкиот тим Тренчин, додека три дена подоцна (22 јануари) противник ќе биде узбекистанскиот тим, Пахтакор ФК.
На 25 јануари закажана е контрола со познатиот руски тим, Рубин Казан, додека последниот натпревар на турска почва ќе се игра на 30 јануари против друг тим од руската фудбалска елита, Сочи.
Против овој противник се договорено е да се одигра 2Х по 60 минути.
Овие натпревари се очекува да му дадат на тимот вистински натпреварувачки ритам и можност да ја постигне вистинската форма пред официјалните натпревари од пролетната сезона.
Екипата ќе остане во Анталија, Турција до 31 јануари, за да се врати во Струга, каде што ќе се продолжи со последната фаза од подготовките пред почетокот на втората половина од сезоната 2025/26, каде што Струга ТЛ влегува како второпласирана.
Пролетниот дел стружани го започнуваат на 11 февруари против Шкендија во Тетово.

ПретходноАФКОН: Сенегал преку Мали до полуфиналето!
СледноСнегот прави хаос во Германија: Одложени се два меча од 16.коло во Бундеслигата!