Македонците се мобилизираат, Хернинг ќе биде обоен во “црвено-жолто” (ФОТО)

348

Македонските навивачи полека во поголеми групи заминуваат за Хернинг, Данска, каде од петок ќе бидат голема поддршка за нашата ракометна репрезентација за време на Европското првенство. Како и на секој голем настан, денеска со лет до Хамбург, а потоа со автомобили, во попладневните часови во Хернинг ќе пристигне една поголема група наши навивачи.

Нашата „Фаланга“ доаѓа од повеќе краишта на Европа, но секако ќе има и навивачи од кои ќе дојдат и од Македонија. Најголемиот дел веќе се опремени со навивачки реквизити во боите на нашата земја.

ПретходноЛазаров за тешкиот предизвик: Нема да калкулираме, ниту да се предадеме – ќе се бориме до крај!
СледноАО: Ѓоковиќ го чека Синер во полуфиналето, со Алкараз дури во финалето