Покрај македонската ракометна репрезентација, на ова Европско првенство, нашата земја ја претставуваат и македонските арбитри, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Двајцата добија номинација на континенталното натпреварување, тие ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Шведска и Холандија, кој се игра во Малме. Дуелот се игра со почеток во 20:30 часот, во рамките на групата Е.
За македонската судиска двојка ова е прво големо натпреварување.










