
Никој не очекуваше дека вечерва ќе има вистинска драма во Хернинг со среќен крај за Србија. Раул Гонзалес и неговите момци го приредија најголемото изнедување, ја совладаа Германија со 30-27 и останаа во игра за главната рунда.
Дуелот во „Јиске Банк Биксен“ Арена се играше пред 9.130 гледачи, што пак е рекорд за еден меч на кој не игра Данската селекција. Ова беше прва победа на шпанскиот стратег на клупата на Србија на едно големо натпреварување.
Германија на полувремето имаше позитива од 13-17, и според играта, но и пропуштените шанси на Србија се чинеше дека ова ќе биде уште еден меч, без вистинска неизвеснот. Но, Раул Гонзалес и неговите момци се вратија на голема врата. Во второто полувреме со 10-4 приредија целосен кам-бек, поведоа со 23-21. Германија успеа да поведе со 23-24, но мечот ја доби потребната драма.
Илиќ, Марсениќ и Којадиновиќ зголемија на 27-25 во 58. минута, Германија направи технички грешки, судиите не им признаа гол. Немаше време и простор за нешто повеќе. Сега Србија против Австрија ќе брка победа за место во главната рунда.
На останатите средби во другите групи Норвешка ја победи Чешка со 29-25, додека пак Шведска беше подобра од Холандија со 36-31.










