Како и секогаш, така и вечерва, Марко Митев си ја искажа сета своја класа. Дури и ЕХФ праша за него дали тој е идната “ѕвезда“ откако со “бомба“ ја “скина“ мрежата на Португалците.
По тоа реми, по тие 29:29, Митев имаше свое видување за овој меч кој со малку среќа можевме и да го добиеме:
„Уште пред самиот меч се чуствуваше дека во нас има добра енергија, и самото тоа носи добар резултат. И кога губевме со -5 разлика едноставно не се предадовме, не загубивме мотивацијата и го игравме нашиот систем. Сега ни преостанува уште еден меч, тој со Романија. Станува збор за квалитетен противник, но ние ќе одиграме уште посилно од вечерва, ќе дадеме се од себе и да чекаме услуга од Данска“ изјави Митев.










