Стојковиќ: Голема благодарност до целата јавност, ми значи поддршката!

417

Марко Стојковиќ го игра најтешкото првенство во неговата кариера. Пикерот на Алкалоид непосредно пред Европското првенство го загуби својот татко. Иако болката е голема, сепак Стојковиќ на теренот покажа дека е голем професионалец.

Овие денови на негова адреса стигна голема поддршка од македонските фанови.

„Голема благодарност до цела јавност поддршката. Ние сме професионалци, приватниот живот го оставаме на страна. Сите треба да го испратиме ова Европско првенство на највисоко ниво. Имам голема поддршка од сите во тимот, што пак е дополнителна мотивација“, изјави за СпортСпорт македонскиот репрезентативец.

Тој го коментираше дуелот со Португалија, начинот на кој се вратија и стигнаа до реми, на кратко зборуваше и за утрешната средба со Романија.

„Најважна беше вербата и дисциплината, да ги спроведеме насоките на теренот. Верувавме до самиот крај, одигравме борбено“, рече Стојковиќ, а потоа го најави мечот со Романците на кој Македонија ако сака да се пласира во главната рунда мора да дојде до убедлива победа, а потоа да се надева на еднакво иста игра од страна на Данска против Португалија.

„Има притисок, фокусирани сме и на двата моменти. Најважно е прво да дојдеме до победа, а потоа ако се отвори шанса да направиме добра разлика. Романија игра поспоро од Данска и Португалија, не се технички добри, па тука ќе пробаме да го одржиме нашиот брз ритам и да дојдеме до триумф“.

Дуелот меѓу Македонија и Романија се игра утре со почеток во 18 часот.

ПретходноЛазаров: Со Португалија се надминавме себеси, сега треба да се “прешалтаме“ за мечот со Романците!
СледноБог се јави во Анталија, пелистерци за традицијата! (ВИДЕО)