
Македонската ракометна репрезентација има уште еден натпревар од групната фаза на Европското првенство. После ремито против Португалија шансите за пласман во следната рунда се живи, но сценариото е тешко остварливо. Но, никогаш не треба да се губи надеж.
Со оглед на исцрпувачкиот дуел против Португалците, а важноста на мечот против Романија (20.01/18 часот), селекторот Кирил Лазаров одлучи денешниот тренинг да го откаже за да можат ракометарите целосно да се рехабилитираат.
Ова значи дека денеска ќе остане задолжителната видео-анализа за противникот.
Во нашиот табор атмосферата е одлична и сите посакуваат утре да ја победат Романија, секако зошто не и убедливо, а дури потоа ќе мислам на мечот меѓу Данска и Португалија кој е од голема важност во однос на пласманот во главната рунда.
За 17 часот е највено доаѓањето на Гоце Ојлески, кој доби дополнителен повик откако се повредија Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ, и остана без лево крило.










