Денеска на ЕП 2026: Ќе се пополнат и последните две места за главната фаза

372
фото: European Handball Federation @EHF_Activities (X)

Македонската ракометна репрезентација попладнево против Романија ќе ја бара првата победа на Европското првенство во Данска. Мечот со Романија од 18 часот, освен што е шанса за прв победа, тоа е и шанса за продолжување на патот во главната рунда.

За Македонија освен исходот од дуелот со Романија, важен ќе биде и вечерниот дуел (20:30 ч.) меѓу Данска и Португалија. Ако победиме со Романците, ќе очекуваме победа да обезбедат и Данците за да ни дадат шанса да се надеваме на подобар гол-скор од Португалија.

Покрај овие два меча, денеска на програмата се уште четири меча. Интересно ќе биде на дуелот меѓу Словенија и Фарски Острови, како и Швајцарија и Црна Гора, но и во битката за првото место во групата меѓу Унгарија и Исланд.

ГРУПА Б

18.00 Македонија – Романија

20.30 Данска – Португалија

ГРУПА Д

18.00 Црна Гора – Швајцарија

20.30 Словенија – Фарски О.

ГРУПА Ф

18.00 Полска – Италија

20.30 Унгарија – Исланд

ПретходноМитревски предупредува: Не смееме да ги потцениме Романците, го познавам нивниот селектор – ми беше соиграч!
СледноВардар се „ослободува“ од другарите на Мато и ги праќа на позајмица во Арсими