Легендарниот хрватски ракометен стратег, Лино Червар во опширно интервју за хрватската јавност на широко ги коментира настаните од тековното Европско ракометно првенство во Данска, на кое што учевствуваше и Македонија. Ние во групата со Данска, Португалија и Романија, изборивме рено реми и една победа, и гордо ги завршиваме борбите во групната фаза.
Червар пак со пофални зборови за нашиот настап, издвојувајќи ја нашата одбрана како исклучително иновативна, и производ на неговата книга посветена на ракоемтна тактика.
„Мојата книга очиглецно дека добро ја прочитал и Кирил Лазаров. И тој со еден одличен играч каков што е Кузмановски, кој што поникна кај мене во Металург и поинаква, нова одбрана ја држеше Португалија на раб да пораз. Да не испаднеше од рака топката на репрезентативецот на Македонија, ќе имаа шанса за победа. Против истиот оној тим кој што вчера ја победи Данска“ – вели Червар.
Тој смета дека токму тоа поместување од класичмната 6-0 одбрана е иднината на ракометот и дека Македонија тоа одлично го применила на ова Европско првенство.
„Македонија активно играше одбрана која досега никој не ја играл, а која што јас ја сугерирам во мојата книга. Со неа потполно ги застанаа браќата Коста, и не им дозволија да се разиграат. Токму затоа што Македонија играше проактивно. Имаме два начина на одрбана, 5-1 одбрана од најмодерниот тип која што во мојата книга и ја сугерирам, и онаа 5-1 одбрана која што ја игравме пред дваесетина години во 2003“ – додава Червар.










