Сè е отворено во Хернинг – четири тима со еднакви шанси

287

Групата I од главната рунда на ЕХФ ЕУРО 2026 е подготвена пред втората рунда. Германија е на врвот на групата со четири бода, додека Франција, Данска, Португалија и Норвешка имаат по два бода, Шпанија е шеста со нула бодови.

Саботните натпревари носат различни реванши: Франција против Португалија беше натпреварот за бронзениот медал на Светското првенство во Осло во 2025 година, Данска се соочи со Шпанија во полуфиналето на ЕХФ ЕУРО 2022 и полуфиналето на Светското првенство во 2023 година, меѓу многу други средби: Германија и Норвешка се сретнале и во полуфиналињата на светското и европското првенство во минатото.

Германија има најголема шанса да направи уште еден чекор кон последниот викенд, пред нивните средби со Данска и Франција.

15:30. Франција – Португалија (Меѓусебни дуели 10-0-3 за Франција)

Франција го загуби првиот натпревар од главната рунда од Данска со 29:32.

Португалија, исто така, беше поразена на стартот од главната рунда, откако загуби од Германија со 30:32. Франциско Кшста блесна со 10 погодоци, а во моментов е и најдобар стрелец на првенството со вкупно 39 постигнати голови.

Последниот меѓусебен дуел меѓу овие две селекции беше на Светското првенство во 2025 година, кога Франција ја совлада Португалија во мечот за бронзениот медал со 35:34 по продолженија.

18:00. Шпанија – Данска (Меѓусебни дуели 8-1-19)

Шпанија го загуби првиот натпревар од главната рунда од Норвешка со 34:35. Тоа беше втор последователен пораз за „фуријата“.

Данска, пак, во четвртокот се спаси од пораз против Франција благодарение на 11 одбрани на Емил Нилсен и серијата голови на Емил Јакобсен во финишот, со што славеше со 32:29 и обезбеди два бода во главната рунда.

Шпанија немаше официјална победа над Данска од 2015 година, кога ги елиминираше Данците во четвртфиналето на Светското првенство, сè до полуфиналето на ЕП 2022 во Будимпешта, кога победи со 29:25. Подоцна Шпанија го освои среброто, а Данска бронзата.

20.30. Германија – Норвешка  Меѓусебни дуели (H2H): 7-2-5

По тесната победа над Португалија од 34:32, во која клучна улога имаше голманот Андреас Волф, Германија ја забележа втората последователна победа во главната рунда по триумфот над Шпанија и моментално е лидер во групата како единствена селекција со максимални четири бода.

Норвешка, исто така, ја совлада Шпанија, но со минимални 35:34, херој на победата беше левото крило Педерсен, кој постигна 11 погодоци.

Најзначајниот меѓусебен дуел на ЕП меѓу овие две селекции се одигра во полуфиналето во 2016 година, кога Германија славеше со 34:33 по продолженија и два дена подоцна ја освои европската титула.

Најголемата победа на Норвешка над Германија, пак, дојде во полуфиналето на Светското првенство 2019 во Хамбург, кога Норвежаните триумфираа со 31:25 и изборија второ последователно финале.

ПретходноСимфонија во Мелбурн: Ѓоковиќ е првиот тенисер со 400 победи!
СледноХристов: Го тренираме она што ќе го играме, а новитетите да се покажат на подготвителните мечеви