Денеска на ЕП 2026: Данска мора да победи со Германија!

214

Денеска на програмата се три меча од главната рунда во групата 1 на ЕП 2026. Остануваат уште две кола до крајот, а Данците кои се ко-домаќини на ова ЕП, инаку мечевите од оваа група се играат во Хернинг, и тоа како се “тресат“ што се вели. Имено тие денеска мора да слават победа против Германија, во спротивно тешко дека ќе го видат полуфиналето.Овој меч се игра од 20:30 часот и секако дека е во центарот на внинанието на ракометната јавноста.

Инаку денешната програма стартува во 15:30 часот со натпреварот Португалија – Норвешка. После победата над Данска, Португалците во двата наредна меча беа поразени и со тоа ги загубија шансите за поолуфиналето, Норвежаните исто така се без шанси.

Од 18 часот на програмата е дуелот меѓу Франција и Шпанија. „Фуријата“ нема веќе никакви шанси и ќе игра за престиж,додека Франција со победа и тоа како ќе си ги зголеми шансите за пласман во полуфиналето.

Инаку вака изгледа табелата во пресрет на денешните мечеви во групата 1 во главната рунда.

Германија 6, Франција 4, Данска 4, Норвешка 2, Португалија 2, Шпанија 0.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

15:30 Португалија – Норвешка

18:00 Шпанија – Франција

20:30 Германија -Данска

ПретходноПораз на Струга ТЛ од Рубин Казан на подготовките во Турција
СледноСедлоски: На Вардар му се потребни 2-3 засилувања!