Дефинитивно се други времиња: Вардар отпаѓа, Душебаев се сели во Бундес-лига

727

Алекс Душебаев во изминатите денови беше поврзуван со кам-бек во редовите на Вардар 1961. Поранешниот член на златната генерација на „црвено-црните“ нема да го гледаме во дресот на најтрофејниот ракометен колектив, бидејќи е блиску до преселба во Бундес-лига.

Последните информации велат дека шпанскиот бек кој во моментов е член на Кјелце ќе се сели во редовите на Гумерзбах, се чека негова официјална промоција.

Душебаев за време на Европското првенство не сакаше ниту да потврди, ниту пак демантира околу можниот трансфер во Вардар, потенцираше дека сега се други времиња.

За разлика од него пак првиот човек на клубот, Михајло Михајловски демантираше негов трансфер.

ПретходноЛапорта со најава за трансфер на Халанд ќе ги “купува“ гласовите за нов мандат!
СледноПолуфиналето стана далечно за Португалија и Норвешка