Вардар минимално поразен на контролниот натпревар со Ахмат Грозни

164

Фудбалерите на Вардар претрпеа и трет пораз на подготвителните натпревари во Сиде, Турција. Утрово во четвртиот контролен натпревар, есенскиот шампион загуби минимално со 1:0 од екипата на Ахмат Грозни од Русија.

Единствениот гол на мечот беше постигнат во 26. минута и тоа со удар од белата точка. Стрелец на победничкиот гол за рускиот тим беше Мелкадзе.

Во редовите на Ахмат настапи и довчерашниот фудбалер на Шкендија, Цаке.

ПретходноПо само два месеци: Крманчиќ заминува од ГРК Охрид
СледноЖенските селекции до 17 и 19 години на подготовки во Струмица