Два дена раководството на Шкендија Арачиново преку своите социјални мрежи најавуваше големо засилување и тоа и го оствари.
Некогашнит играч на Шкупи и Вардар, Бесар Исени (29) и официјално е нов член на второлигашот од Арачиново. Секако дека со Бецко во офанзивниот дел на средниот ред тимот на Шкендија и тоа како ќе атакува по пласман во елитата.
Инаку Бецко е дете на Шкупи, каде што и се промовираше во еден од најталентираните млади играчи во Македонија генерација 1997 година. Беше дел и на сите младински репрезентации. Во јануари 2017 година направи трансфер во Вардар и беше дел од онаа златна генерација на вардарци која играше во Лигата на Европа, по две години се врати на Чаир. Потоа кариерата го носеше во клубови во Албанија и Косово, а пред две години играше и за Воска.










