Интер ја продолжи трката по Скудетото

68
фото: Inter (X)

Фудбалерите на Интер ја продолжија трката по Скудетото, откако вечерва ги „грабнаа“ трите бода од гостувањето во Кремона. Во натпреварот од 23-то коло од Серија А, Интер го совлада тимот на Кремонезе со 2:0 како гостин и се зацврсти на врвот на табелата со 55 бода, осум повеќе, со натпревар повеќе, во споредба со Милан.

Гостите решија сè за нешто повеќе од половина час. Избраниците на тренерот Кристијан Киву поведоа во 16-тата минута со голот на Лаутаро Мартинез, а Пјотр Зиелински ја дуплираше предноста на „нероазурите“ во 31-та минута.

ПретходноДанска го оствари големиот сон – Европска титула за „триплета“
СледноРаботнички и Борец прокнижија бодови, утре во Штип „супер-дерби“