Во очекување на утрешното големо дерби во домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција меѓу Штип УГД и Струмица, викендов беа одиграни преостанатите дуели од 2. коло во втората фаза од сезоната.
Во рамките на плеј-оф групата, Одбојкарите на ГОК Борец и Работнички остварија максимални победи на гостински терен против Сушево, односно Универзитет во Тетово, додека во плеј-аут зоната најголеми возбудувања донесе дуелот во Скопје меѓу Јанта Волеј и Весна Пробиштип, каде домашните со 3:2 дојдоа до првите два бода оваа сезона.
ПРВА ЛИГА (М) – ПЛЕЈ ОФ / 2 КОЛО
Сушево – ГОК Борец 0:3
Универзитет во Тетово – Работнички 71&22 0:3
Штип УГД – Струмица 47&72 (понеделник – 18.00)
ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (34), 2. ГОК Борец (32), 3. Работнички (30), 4. Струмица (29), 5. Универзитет во Тетово (20), 6. Сушево (18)
ПРВА ЛИГА (М) – ПЛЕЈ АУТ / 2 КОЛО
Јанта волеј – Весна Пробиштип 3:2
Скопје – Македонија Џио 3:0
Лирија – Шкендија 0:3
ТАБЕЛА: 1. Шкендија (20), 2. Лирија (17), 3. Весна Пробиштип (9), 4. Македонија Џио (8), 5. Скопје (6), 6. Јанта Волеј (2).










