Екипата на Бутел Скопје во своите редови додаде уште нови засилувања за продолжение на сезоната.
Дресот на Бутел Скопје во иднина ќе го носат левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ и кружниот напаѓач Матеј Марковски.
Ѓурмешевиќ е младински репрезентативец на Македонија и доаѓа од редовите на Мулти Есенс, а Марковски досега ги бранеше боите на Аеродром.
Претходно Бутел Скопје се засили со искусниот Мице Шилегов од Вардар Неготино. Тројцата би можеле да го имаат своето деби на натпреварот со Струга.










