Нов гол на Бојан Миовски за Глазгов Ренџерс, и тоа со шут со глава во 80.минута за 7:0 за Глазгов Ренџерс против Квинс Парк, и за пласман во 1/4 финалето од Купот на Шкотска.
На овој осминафинален дуел Македонецот беше стартер, се очекуваше и тој да биде дел од очекуваната голеада на Ренџерс, но се до 80.минута не успеа да се запише во листата на стрелците, а неговиот тим само во првото полувреме водеше со 5:0.
Сепак не може така добар напаѓач како што е македонскиот репрезентативец на еден ваков меч да остане без постигнат гол.
На крајот беше 8:0 за големиот фаворит.
Кога сме кај Квинс Парк, инаку член на Чемпионшип на Шкотска, тоа е најстариот клуб во таа земја, основан е во далечната 1867 година или пред точно 149 години.
🚨⚽️ Bojan Miovski 80′
🏴 Rangers 7-0 Queen’s Park FCpic.twitter.com/gW2TvYL7q8
— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 8, 2026










