Милан Ристовски стрелец за Бохемијанс!

127
ФОТО:.facebook.com/bohemians.cz/

Попладнево тројца наши репрезентативни нааѓачи беа стрелци за своите клубови. По Елмин Растодер (Тун) и Бојан Миовски (Ренџерс), и Милан Ристовски “тресеше“ и тоа за Бохемијанс во меч од 21.коло во елитната лига на Чешка. Ристовски на средбата против Пардубице влезе во игра во 76.минута, а во судиското продолжение погоди за 1:2, за ублажување на поразот на својт тим.

Ова за Милан Ристовски е вториот гол сезонава за Бохемијанс. Овие голови и добра форма на дел од нашите репрезентативни напаѓачи може само да радуваат во пресрет на баражот за пласман на СП со Данска на 26 март.

ПретходноИсмаила Сар му донесе победа на Кристал Палас!
СледноСупербол бр.60: Сиетл VS Њу Ингланд за уживање и спектакл!