Неверојатно: Славниот Ривер Плата ќе мора без голман да игра во Копа Либертадорес!

281

Аргентинскиот гигант Ривер Плата, во пресрет на вечерашниот меч во Копа Либертадорес против Санта Фе, се најде во крајно незавидна ситуација. Имено поради 20 лива заразени од Ковид-19, тимот од Буенос Аирес има голем проблем. Сите четворица голмани му се позитивни и во изолација, па така на голот ќе мора да застане некој играч. Се очекува тоа да биде Енцо Перез, некогапниот фудбалер на Валенсија и Бенфика.

Ривер Плата се обидел да регистрира двајца млади голмани во меѓувреме, но тоа не му било дозволено.

Интересно е тоа што тимот има само 11 здрави играчи, а меѓу нив нема ниту еден голман.

Па така сега на тренерот Марсело Гаљардо ќе мора да настапи со Перез на голот.

На што ли ќе личи тоа, останува видиме.

Инаку овој натпревар се игра во 2 часот изутрина по наше време.

ПретходноЧелниците на Баерн му кажаа “НЕ“ на Нагелсман!
СледноСкандал во женска кошарка: Двајца тренери се тепале во Македонска Каменица