Последиот меч од 6.коло во ПМФЛ ќе се одигра попладнево во Тетово, каде што се среќаваат екипите на Шкендија и Шкупи. Мечот почнува во 15 часот и се разбира дека ова дерби на колото и дерби на есенскиот дел сезоната.
Шкупи во случај на победа би се вратил на лидерското место,односно на делба заедно со А. Пандев. Секако дека ова е голем мотив за чаирчани во пресрет на денешниот меч.
Дефанзивецот Фаустин Сенгор во пресрет на денешното дерби со Шкендија изјавува:
“Мечот меѓу Шкендија и Шкупи е вистинско дерби.Се разбира дека ќе биде тежок натпреварза двете екипи. Знаеме што не чека и затоа сме максимално подготвени. Ќе биде тешко да се игра и поради трагедијата што се случиво Тетово, но се надеваме на добар настап пред јавноста. Не криеме дека одимена гости кај Шкендија по трите бода“ заврши Сенгор.