Полувреме: Есенскиот шампион за 45 минути го прегази Арсими (4:0) (ВИДЕО)

293

И подобро деби за Вардар новите засилувања не можеа ниту да сонуваат. Вардар веќе има огромни 4:0 на полувремето против Аресими во меч од првото пролетно коло кое се игра на стадионот на ФФМ во Скопје.

Лидерот го гази ривалот од Чегране кој е декласиран на теренот. Уште по само 5 минути игра, Цветковиќ ја тресе празната мрежа од 5 метри а по асистенцијата на Закариќ.

 

Следен кој тресе е Бобан Николов кој со удар од 10 метри лесно заверува 2:0 а по добрата асистенција од Омерагиќ во 18 минута.

 

Во листата на стрелците во првиот дел се запиша и Дарко Велковски кој во 35 минута беше најснаодлив по изведениот корнер од Закариќ.

 

Во самиот финиш на првиот дел конечно и погодок на некој од староседелците. Супер акција на Вардар, во добра положба е Босанчиќ кој има празен простор пред себе и од десетина метри ја пласира топката во мрежата на очајниот голман на гостите кој не фати ама баш ништо што беше удар по неговиот гол во првиот дел од средбата.

Во стартниот тим на Вардар дебитрант е и младиот Филип Цветковски на левата бековска позиција и кој има само 16 години. Остануваат уште 45 минути од овој натпревар. Не му се пишува добро на составот на Аресими.

ПретходноСедлоски: Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б
СледноДимитриевски им го врачи пехарот во трајна сопственост на МЗТ Скопје А.