ТФТ очекува реприза, Феникс 2010 има амбиции за финале

48

ТФТ против Феникс 2010 е првата четвртфинална двојка во Купот. Во петок, од 12.часот, овие две екипи ќе ја отворат четвртфиналната серија во спортската сала во Куманово.

„Се работи за екипа која донесе засилувања на завршницата од првенството и сигурно ќе биде доста сериозен предизвик за старт. Со еден сериозен пристап, ќе одиме од меч во меч, со надеж дека повторно ќе ја повториме серијата и ќе го освоиме турнирот“.

Капитенот Едис Нури го презентираше актуелниот момент во кој „живее и работи“ актуелниот лидер на табелата во „МТЕЛ“ Суперлигата:

„Тука сме во Куманово, ќе играме кошарка надвор од Скопје и тоа ме радува затоа што тоа е важно за спортот, таа децентрализација, за развој на спортот. Куманово има феноменална публика.

Што се однесува до нашето учество на Купот, кај мене потешко е да зборувам за амбициите, затоа што како клуб сме во многу лоша состојба, со месеци не сме земале плата, мојата последна плата е 2023 година. Преживуваме, тешко е, немаме спонзори, како клуб од Карпош играме во Маџари и тоа се некои работи кои не ти дозволуваат да презентираш нешто повеќе“ – искоментира најискусниот во редовите на „црно-белите“.

Своите очекувања ги презентираше Денис Дервишевиќ, шефот на стручниот штаб на екипата на Феникс 2010.

„Голема чест е да бидеш дел од Ф4, ова е наша четврта година како учествуваме во Купот, наш најголем успех е пласман во финалето. Нашите амбиции се секогаш да играме финале, се игра ден за ден, а во мечевите може да се случи се. Играме со лидерот, се надевам дека ќе успееме да го изненадиме“.

Иван Волканоски беше краток во врска со своите очекувања:

„Не очекува тежок меч, свесни сме за квалитетот на ТФТ и знаеме дека во овие Куп-натпревари нема фаворити. Сигурен сум дека ќе дадеме се од себе и се надевам дека ќе успееме да победиме“.

ПретходноВардар покажа шампионски сјај: „Црвено-црна“ доминација (ФОТО+ВИДЕО)
СледноВечните со дуел на отворањето: И МЗТ Скопје и Работнички најавуваат силно дерби