Вечните со дуел на отворањето: И МЗТ Скопје и Работнички најавуваат силно дерби

72

Нема подобар почеток за публиката, иако доста од фановите сакаат тоа да се случи во финалниот меч. Од дуелот во кој играат двата најтрофејни клубови низ историјата на Купот „Благоја Георгиевски- Буштур“.

Дуелот помеѓу екипит ена МЗТ Скопје Аеродром и Работнички е на програмата во 14.30 шасот.

А не се ниту изненадувачки очекувањата од таборот на аеродромци:

„Купот е најинтересното натпреварување кај нас, затоа што е без фаворити, тоа се докажало низ годините. За нас отворањето е со вечното дерби, тоа е приказна сама за себе и многу ни е важен. Нашите цели како клуб се јасни, тоа е трофејот да остане во Аеродром“ – јасен на тренерот на тимот од Аеродром, Васко Атанасов.

Дамјан Стојановски посакува максимум од МЗТ Скопје на овој дерби-меч од четвртфиналето:

„Како што кажа тренерот Васко Атанасов, Купот е специфичен и нема фаворити. Ние првиот меч го играме со Работнички, знаеме за каква екипа станува збор. Мислам дека наше е да го дадеме максимумот, како што ќе се договориме пред меч, така да играме од меч во меч и да дојдеме од трофејот во Купот“ – порачува капитенот на МЗТ Скопје.

Шефот на стручниот штаб на „црвено-белите“, Владимир Мирковски, е свесен за тежината која со себе ја носат дуелите со вечниот ривал:

„Честитки до екипата на Куманово и градот кои ќе го организираат финалниот турнир од ова натпреварување. Добро е да се биде назад во овој кошаркарски град, публиката тоа знае да го цени. Отвораме со МЗТ Скопје, можеби најдобрата екипа во првенството. Ние ќе го дадеме максимумот, ја знаеме тежината на градското дерби. Се надевам дека салата ќе биде исполнета со навивачи и ќе дадеме добра увертира за она што ни следи понатаму“.

Виктор Ефремовски посакува да победи подобриот во овој втор четвртфинален натпревар од финалниот турнир од Купот:

„Дерби мечевите секогаш имаат посебна тежина, свесни сме за каков натпревар станува збор, па нека победи подобриот на теренот“.

ПретходноТФТ очекува реприза, Феникс 2010 има амбиции за финале
СледноПМФЛ: Мрежите мируваа во Кратово, Силекс само со бод против Башкими!