“Марка“ за Муринен: “Целосно фијаско!“

93
ФОТО: KK Partizan/FB

Мика Муринен пристигна минатото лето во Партизан како нова млада ѕвезда на европската кошарка. Очекувањата од „Летечкиот Финец“ по одличните игри на Европското првенство беа огромни, а тој тотално потфрли.
Три тренери се сменија во Партизан, а 18-годишникот не доби улога, пишува шпанската „Марка“ во статија посветена на Муринен.
Сезоната на Финецот во Партизан беше окарактеризирана како „целосно фијаско“, а тој како „најголемото разочарување на Евролигата“.
„Неговите бројки се поразителни: Одигра шест натпревари, помина вкупно 10 минути и 57 секунди на теренот, постигна само еден поен (го промаши единствениот шут од полето, погоди едно од двете слободни фрлања), без ниту еден скок, асистенција, украдена топка или блокада“, се вели во текстот на „Марка“.
Покрај играчкиот дел, шпанскиот весник зборува и за непрофесионализмот на Муринен и неговиот имиџ од студио за тетовирање, поради што бил надвор од тимот на еден од натпреварите во АБА лигата на АдмиралБет.
На крајот, се подвлекува дека еден од најталентираните кошаркари во Европа сигурно нема да игра во Партизан следната сезона и дека се очекува да замине во САД на колеџ.

ПретходноТудор на клупата на Тотенхем!
СледноМЗТ Скопје му покажа кој е кој на Работнички! (ФОТО)