Бруно со Алими како стартер, Дориев на клупа, Седлоски со најсилниот можен состав!

549

На околу еден час до почетокот на супер – дербито во кое од 15 часот ќе играат Шкендија и Шкупи, познати се стартните единаесет на двете екипи.

Тренерот на Шкендија, Бруно Акраповиќ со неколку изненадувања во почетниот состав. Имено тука е Алими, потоа Камерунецот Џоу кој ќе дебитира, во шпицот се Елези и Хебај.

Шкендија овој меч ќе го започне со Захов, Бејтулаи, Кривак, Мурати, Мерџани, Алими, Дита, Незири, Џоу, Хебај и Елези. Гоце Седлоски, тренерот на Шкупи се чини мечот ќе го почне со својот најсилен состав. Во стартните единаесет е и Брдаровски кој ќе го има своето деби.

Па така Шкупи дербито ќе го започне со Наумовски, Руатубјае, Шеји, Сенгор, Алварез, Радески, Адентунџи, Хамиди, Чешмеџиев, Адем и Брдаровски.

На клупата покрај другите се и Трапановски, Маркоски, Цветаноски, Зука, Китановски…

ПретходноВујовиќ: Во овој момент не можам да кажам дека Вардар е фаворит
СледноОфицијално: Кокошков не е повеќе селектор на Србија, Пешиќ чека промоција!