ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)

137

Кога ќе се победи во едно големо дерби, кога ќе се победи и надигра тим кој што ти е директен ривал во битката за титулата, тогаш јасно е дека тренер на колото е стратегот на тој тим. А тренер на 17.коло според “СпортСпорт“ е Јетон Беќири. Секоја чест за Гоце Седлоски и Милан Стојановски, ама победата на Шкендија против Струга со 2:0 има посебна тежина.

Шкендија на супер дербито со стружани едноставно покажа зошто е шампион. Факт е дека головите паднаа во завршната фаза од натпреварот, ама можеби му дава уште поголема тежина на тренерското знаење на Беќири со оглед на тоа дека токму тие “резервисти“ кои ги внесе во игра и му ја донесоа победата.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 17.КОЛО: Булатовиќ со хет – трик го „поздрави“ Работнички
СледноОчекувано и сега е официјално: Гидсел е најдобар ракометар во светот за 2025!