Заврши првото полувреме од првиот меч од 18.коло во ПМФЛ во Кавадарци и тоа со резултат 1:1. Домашните поведоа со голот на Стојкоски во 24.минута. Одличната акција ја започна Најдовски, потоа Стојанов прекрасно го проигра Стојкоски, кој прво се ослободи од еден гостински фудбалер, а потоа го совлада немоќниот Гаје.
Добар, одличен Тиквеш кој имаше шанси и за уште некој гол. Шкендија беше далеку под своето ниво.
Сепак Тамба во последните секунди од првиот дел, убаво со глава шутираше за израмнување на 1:1, откако беше проигран од Ибраими.
Јасно е дека во второто полувреме Шкендија ќе тргне со сите сили по резултат кој нејзе и одговара. Дали тоа ќе биде шанса за Тиквеш од контри да го “тресе“ Гаје, остнува да се види.















