Џеков: Одиме во Струга да се надигруваме, се надеваме дека бодовите ќе ги однесеме во Кратово

25
Фото: ФФМ

Силекс во првото коло од пролетниот дел во сезоната, не успеа да стартува со триумф. Одигра без голови со Башкими на свој терен, а сега му претстои тешко гостување во Струга кај еден од аспирантите за титулата сезонава, тимот на Струга ТЛ.

За кратовскиот тим ова е последна шанса да фати приклучок кон првите три места, со оглед дека заостанува цели девет бодови, и ова е шанса да се доближи до својот ривал. Силекс во Струга патува со големи амбиции дека може да дојде до бодовите.

„Одиме во Струга да се надигруваме, имаме добри играчи и мотивацијата е на високо ниво. Во првото коло не успеавме да запишеме триумф и покрај добрата игра. Бевме подобри од противникот, имавме доста шанси, но едноставно топката не сакаше во голот. Направивме и некои грешки кои ќе ги исправиме пред мечот со Струга ТЛ. Нема да не залаже фактот што противникот во првото коло загуби, затоа што мислам дека е една од подобрите тимови во Првата лига и ќе биде еден добар натпревар, вистинска битка за првите три места. Се надеваме дека ќе се вратиме со бодовите во Кратово“, рече Ѓорге Џеков, дефанзивецот на Силекс.

ПретходноДарио Ивановски со одличен настап на маратонот во Севиља
СледноЈокиќ одговори на критиките на Дурент: Ништо не ми менува…