МЗТ Скопје посети фан во болница и му подари златен медал (ФОТО+ВИДЕО)

394

Голем потег на освојувачот на Купот, МЗТ Скопје А. Претставници на клубот беа во посета на еден од најголемите навивачи, Ристе Божиновски – Мачор, кој води здравствена битка од која сите очекуваат да излезе како голем победник.

Освоениот пехар од Купот на Македонија синоќа се најде во неговата болничка соба, а од капитенот Дамјан Стојановски, директорот Филип Ѓоревски и тренерот Васко Атанасов доби златен медал, специјално обезбеден за него како мотив да издржи во борбата што му претстои.

Потег за почит!

ПретходноАлкалоид го закажа дербито со Вардар 1961!
СледноНорвежанец на центарот за мечот Шкендија – Самсунспор