Неверојатна сцена на Олимписките игри: На патеката се појави волк (ВИДЕО)

231

Неверојатна сцена на еден од последните денови на тековните Олимписки игри во Кортина. На денешните квалификации во екипен спринт во слободен стил женска конкуренција, на стартно целната рамнина се појави, верувале или не волк.

Животното спонтано се појави помеѓу натпреварувачките, дури ја мина и целта, за да потоа, и самото збунето од опкружувањето излезе надвор од патеката и исчезна од кадарот на камерите.

Репрезентативката на Хрватска Тена Хаџиќ која што и се најде во центарот на случувањата, ни крива ни должна што се вели, изјави дека се преплашила во моментот кога го видела волкот, но дека реагирала сосема спротивно, мирно и без паника.

 

ПретходноШифрин е олимписка слалом победничка
СледноПелистер се засили – потпиша ракометар на Вецлар!