Кога ќе се победи Струга ТЛ и тоа на нејзин терен, и тоа во еден спектакуларен финиш со 2:3, тогаш јасно е дека тренер на колото е стратегот на Силекс, Александар Васоски. И покрај фактот дека домашните имаа водство од 1:0 и 2:1, Васоски и неговите избраници не се предадоа, веруваа во себе и успеаја на крајот да слават. Секако дека “СпортСпорт“ без двоумење го прогласи Васоски за тренер на ова 18.коло.
Штета што Силекс барем за малку нема поквалитетен тим, ако го имаше секако дека, со Васоски на клупата, ќе беше многу сериозен кандидат за титулата. Вака кратовци се надеваат дека ќе ја видат Европа или ќе стигнат до трофеј преку Купот на Македонија.















