Андонова: Да бидеме реални, Англија е апсолутен фаворит, нашата шанса е Австрија

162
Македонската женска репрезентација ја очекуваат два квалификациски натпревари за Мундијалот 2023 година против Англија на гости и Австрија дома.
Против англичанките играме на 17. септември во Саутемптон, а четири дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески” ќе се спротиставиме на селекцијата на Австрија.
Капитенот на селекцијата Наташа Андонова вели дека Англија е апсолутен фаворит, и дека таму нема што да бараме, но дека треба шансата да ја бараме против Австрија.
 „Селекцијата на Англија е апсолутен фаворит во групата. Ќе биде многу тешко да се игра против нив. Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на тој меч. Секогаш се обидувам да гледам реално на работите, така и овој пат. Мислам дека не треба да очекуваме некакво чудо во овие квалификации, треба само да продолжиме напорно да работиме и да ги слушаме советите од нашиот селектор. Објективен проблем претставува фактот што во овој состав на Македонија има фудбалерки претежно од домашното првенство кои немаат големо меѓународно искуство за разлика од другите селекции“, рече Андонова.
ПретходноУште еден доказ дека оваа Барса нема сила: Без ниту еден шут кон голот на Баерн!
СледноВујовиќ одбра за Елверум, браќата Њокас во составот!