Натпреварот од 20. коло меѓу Арсими и Македонија Г.П заврши без победник 1:1. Двата погодоци беа постигнати уште во првото полувреме. Натпреварот започна со бавно темпо и без посериозни закани во воведните минути.
Првата вистинска шанса се случи во 16. минута, кога напаѓачот Бајо се најде во шеснаесетникот, но неговиот удар заврши непрецизно, покрај голот на противникот. Набргу потоа, Бајо се обиде и со удар со глава, но и овојпат без успех. Во 34. минута, по грешка во одбраната на Арсими, Ајдоган постигна погодок и ја доведе својата екипа во водство од 1:0. Сепак, радоста на гостите траеше кратко, само три минути подоцна, во 37. минута, босанскиот интернационалец Армин Бесагиќ постигна прекрасен гол за израмнување на 1:1.
Во вториот дел се очекуваше поофанзивна игра, но резултатот очигледно им одговараше на двете екипи. Играта најчесто се одвиваше на средината од теренот, со мал број вистински шанси. Се издвојува ударот на Гафури по земја, кој беше успешно одбранет од голманот на гостите Јанков. Бесагиќ имаше уште една можност по одбиена топка од слободен удар, но не успеа повторно да се запише во листата на стрелци. Во целина, натпреварот беше израмнет, со малку шанси на двете страни.
По ова реми, нема промени на табелата: Арсими останува на петтото место со 26 бодови, додека Македонија Ѓорче Петров се наоѓа на деветтата позиција со 20 бодови















