Васоски: Задоволство за победата, минуваме низ период со згуснат распоред

153

Екипата на Силекс со полн плен си заминува денеска од Кавадарци, каде што во рамките од новото 20. коло во ПМФЛ шампионатот го совлада домашниот Силекс со минимални 0:1.

Таличен за кратовци беше португалецот Пиреш кој што погоди во второто полувреме. Тренерот Александар Васоски нормално задоволен од развојот на настаните смета дека Силекс се движи во вистинска насока пролетва.

„Одигравме добар натпревар. Не создадовме премногу шанси, но некогаш на вакви натпревари, со агресивен противник и не е можно да создадеш многу можности. Задоволен сум секако од победата и трите бода. Ни доаѓа по еден период во кој игравме мечеви на секој три дена, па нормално е што и ја немавме таа свежина.  Сепак, ете да кажам дека задоволството е големо за освоените три бода. Наша цел сезонава многу пати кажавме е финале во Купот, и што подобар пласман на табелата во ПМФЛ шампионатот“ – вели за Спортспорт, Александар Васоски.

 

ПретходноМакедонија ЃП му „откина“ бод на Арсими во Гостивар (ВИДЕО)
СледноПресврт победа на Јунајтед против Кристал Палас