Поради војната: Евролига “пресели“ три клуба!

315

Раководството на Евролигата донесе одлука за “преселба“ на три клуба. Имено на неодамна одржаниот состанок, Евролигата одлучи дека Макаби од Тел Авив, Хапоел од Тел Авив и Дубаи ќе најдат нови „домашни“ терени за натпревари во елитното натпреварување. Клубовите од Израел повторно ќе играат во градовите каде што се натпреваруваа до крајот на 2025 година, додека Дубаи ќе биде домаќин во Сараево, што веќе беше случај.

Акционерите на Евролигата донесоа одлука што е најбезбедна за играчите на трите клуба во ова натпреварување. Поради воените настани на Блискиот Исток, Евролигата одлучи дека некои од клубовите ќе ја променат средината во која играат. Макаби од Тел Авив ќе се врати во Белград и повторно ќе игра натпревари од Евролигата во салата „Александар Николиќ“, кога тоа не е можно во Израел. Слична е ситуацијата и со Хапоел, кој играше во Софија до крајот на 2025 година. Од друга страна, Дубаи ќе биде во Сараево, каде што веќе еднаш играше против тимот на Ефес, според SDNA.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)
СледноНа 100 дена до стартот на СП: ФИФА го претстави официјалниот постер на Мундијалот!(ФОТО)