Полувреме: Работнички со водство во Куманово, Пелистер подобар во Кратово ама мрежите мируваат!

117
ФОТО:.facebook.com/fcrabotnicki

Завршија првите полувремиња од последните два меча од 23.коло или прво во третиот круг сезонава во ПМФЛ. Во Куманово гостинскиот состав на Работнички со голот на Сухељ Муарем во 11.минута има водство на мечот со Башкими.

Во Кратово, каде играат Силекс и Пелистер резултатот е 0:0. Битолчани беа подобри, имаа и шанси, посебно тие двете на Спировски во 9. и 44.минута, како и таа на Булатовиќ во 25.минута, но на пауза се замина без голови. Силекс преку Донов имаше своја шанса.

Тимот на Силекс од аут – линијата го води Раденко Бојовиќ, ако се знае дека шефот на струката Александар Васоски е под суспензија.

ПретходноЧупиќ потврди: Хориха и дефинитивно си оди од Вардар!
СледноТаре: Лука има отворен договор и за следната сезона, тој сам ќе одлучи