Завршија првите полувремиња од првите мечеви од 24.коло во ПМФЛ. Работнички – Силекс 2:0 и Тиквеш – Брера 4:1 се резултатите со кои се замина на пауза.
На Арената во Скопје, домашните со голот на Попзлатанов во 12.минута дојдоа во водство, а потоа Мухарем во 34.минута зголеми на 2:0 по шутот на Попзлатанов, ова е и негов гол ако се знае дека Мухарем само ја допре топката на гол линијата.
Во Кавадарци домашниот тим води со 3:1. И веднаш да ја истакнеме мајсторијата на Мартин Стојанов во 10.минута кога со “ножички“ даде гол за 1:0.
Гостите израмнија во 27.минута по асистенцијата на Антовски, Макиќ погоди за 1:1. Тиквеш својата надмоќ ја покажа со двата гола во продолжение од првиот дел, прво со автоголот на Стојлески, а потоа и со вториот гол на Стојанов за 3:1. Тоа не беше се, Најдовски му асистоираше на Тасев кој со шут со глава стрелаше за 4:1.















