По завршувањето на седницата на Генералното редовно собрание на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Масар Омерагиќ одржа прес конференција на која што порача дека може да биде прашан ама буквално што јавноста ја интересира.
Во старт беше поставено прашањето околу бришењето на огромен број на фудбалери, кои што во изминатиот период очигледно фиктивно постоеле, а врз основа на тоа се постоеле и фиктивни мечеви, фиктивни резултати, фиктивни судии….
„Во буквална смисла сме имале имагинарен фудбал. Непостоечки. Зошто е тоа така, не знам. Но, знам дека на тоа му се става крај. Македонија нема повеќе да биде заложник на таквите појави. Мак фудбалот се ослободува од тоа. Бришеме огромен број на фиктивно регистрирани фудбалери. Бројката се намалува 300%. И понатаму ќе продолжиме во таа бројка. Имаше мал „милион“ проблеми со кои што се соочивме при доаѓањето. Не беа само проблем петте милиони евра кои беа потрошени само еден месец пред моето доаѓање. За различни причини. Федерацијата не функционираше правилно и работиме на тоа максимално“ – изјави претседателот Масар Омерагиќ.










