Нова шлаканица за Челзи: Санчез се посрамоти, Евертон славеше (ВИДЕО)

88
фото: Premier League (X)

Фудбалерите на Евертон го победија Челзи со 3:0 на својот стадион во 31-то коло од Премиер лигата. Херој на Евертон беше двојниот стрелец Бето во 33-тата и 62-та минута, но последниот и најубав го постигна Ндијае во 76-тата минута за уште една голема шлаканица за Лиам Розениор.

Челзи сега сериозно го доведе во прашање пласманот во Лигата на шампионите, бидејќи се шести со 48 бода. Евертон не е далеку од нив бидејќи се седми со 46 бода.

Апсолутната трагедија на денешниот натпревар беше голманот Роберт Санчез, кој ги прими првите два гола по сопствени грешки. Во 33-тата минута, Гарнер испрати длабока топка, Санчез истрча, но погрешно ја процени, а Бето ја искористи таа можност и погоди.

Во продолжението, Розениор се обиде да промени нешто, ги внесе Гарначо и Андреј Сантос, но набрзо стигна нова шлаканица. Во 62-та минута, Идрис Геј ја испрати топката до Бето, кој избега и шутираше кон Санчез, но топката му помина низ рацете за 2:0.

Во 76-тата минута, Бето беше асистент, а Ндијае погоди велемајсторски за конечни 3:0.

ПретходноПрекин во Гевгелија и победа на Кожув против МЗТ Скопје
СледноФеникс 2010 го „освои“ Чаир