Седлоски денеска прозива за бараж дуелите за Мундијалот

345

Македонската фудбалска репрезентација на чело со новиот селектор Гоце Седлоски денеска и официјално ќе го има првиот собир по повод бараж дуелите за претстојниот Мундијал следното лето. Истиот ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а ние имаме задача да стигнеме до него со евентуалниот усшех во следните два меча.

Истите велат дека на 26 март Македонија ќе гостува во Данска, каде што на стадионот Паркен во Копенхаген ќе го играме полуфиналето од баражот против домаќинот. Доколку се биде во ред и Македонија го добие овој дуел, тогаш три дена подоцна одиме на дуел со победникот од второто полуфинале помеѓу репрезентациите на Ирска и Чешка.

Селекторот Седлоски за својот премиерен повик се одлучи за релативно истиот состав на репрезенативци кои што го понесе и товарот на квалификациите кои не доведоа до тука.

Новитети има секако, а тие се следните.

Дефанзивецот на Борац Бања Лука, Себастиан Херера, стоперот на тетовска Шкендија, Имран Фетаи и напаѓачот на Сиетл, Дени Мусовски. Во составот има и фудбалери кои по извесна пауза повторно се дел од најдобрата селекција и тоа Бобан Николов од Вардар, Љупче Дориев кој настапува во првенството на Узбекистан и Егзон Бејтулаи од Дрита.

Прозивката официјално е закажана за 13:00 часот во хотелот Хилтон во Скопје. Македонија патува за Данска во вторник.

 

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Валенсија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука), Дејан Илиев (Рапид Букурешт)
ОДБРАНА: Езгијан Алиоски (Лугано), Андреј Стојчевски (Словачко), Себастијан Ерера (Борац Бања Лука), Дарко Велковски (Вардар), Ѓоко Зајков (Ајман), Никола Серафимов (Левски), Висар Муслиу (Сен Трујден), Имран Фетаи (Шкендија Тетово), Егзон Бејтулаи (Дрита)
СРЕДЕН РЕД: Елиф Елмас (Наполи), Енис Барди (Коњаспор), Бобан Николов (Вардар), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц), Решат Рамадани (Шкендија), Исник Алими (Далијан), Љупче Дориев (Согдиана), Лука Станковски (Колос Коваливка), Јани Атанасов (АЕЛ Лариса).
НАПАД: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс), Дарко Чурлинов (Коџаели), Милан Ристовски (Бохемијанс), Александар Трајковски (Локомотива Загреб), Елмин Растодер (Тун), Лирим Ќамили (Сондерјиске), Дени Мусовски (Сиетл)

 

ПретходноСпалети: Ни недостасува зрелост во играта
СледноЛазаров: Честитики до момците! Играчи што имаат мала минутажа во своите клубови покажаа карактер и борба!