Дориев: Среќен сум што сум повторно дел од репрезентацијата на Македонија

219

Македонската фудбалска репрезентација денеска се собра во својата база, хотелот Хилтон по повод претстојните бараж дуели за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

Селекторот Гоце Седлоски со неколку новитети на својо прв собир како селектор, а меѓу нив е повратникот во репрезентацијата, Љупче Дориев кој што последен пат беше дел од националниот тим во 2023 година.

„Секако дека е одлично да се биде дел од репрезенатцијата на Македонија повторно. Последен пат бев тука во 2023 година дуелот со Украина. Сега имаме нов селектор, во името на Гоце Седлоски. Благодарам за укажаната доверба. Не очекува голем предизвик во дуелот со Данска. Нема одстапки, Македонија секогаш оди на поволен резултат. Ќе се подготвиме максимално и одиме по успех во Копенхаген“ – изјави Љупче Дориев.

ПретходноПобедата е приоритет за Пелистер на денешниот меч со Струга ТЛ
СледноМусовски и Херера „се чекираа“ за Македонија