Со убавиот гол на Марјан Радески во 45.минута за 0:1 по првото полувреме во Битола меѓу Пелистер и Струга ТЛ. Меч од 24.коло, натпревар кој е од екстра значење за двете екипи, а посебно за домашните.
Многу тактика, не така квалитетна игра и многу борба. Тоа е накусо за тоа што се случуваше во првите 45.минути.
Имаше две шанси или полушанси ако може така да се каже, и двете за гостите од Струга. Прво Диако во 22.минута шутираше силно, но голманот на домашните Јовчевски со многу напор ја скроти таа топа, натрча Компаоре и направи фаул врз домашниот голман.
Шест минути подоцна Радески од 20 метри шутираше покрај десниот дирек на Јовчевски.
Сепак на пауза се замина со предност за стружани.















