Без Алиоски во Копенхаген!

364

Македонија на мечот со Данска во баражот за пласман на СП 2026, по се изгледа дека ќе мора без Џани Алиоски. Еден од нашите најдобри фудбалери, актуелен член на Лугано, е повреден. Џани е на списокот на селекторот Гоце Седлоски, но јасно беше дека тој тешко дека ќе игра против Данска, а последните информации велат дека тој не доаѓа и дека дефинитивно ќе мораме без Џани во Копенхаген против Данска.

Јасно е дека тешко ќе биде без Џани, но Седлоски е уверен дека ќе може да се најде соодветна замена за него од играчите кои се тука.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: На тренингот на А-репрезентацијата и дечињата од градинката „Детска радост“!
СледноПМФЛ: Шкупи имаше водство од 2:0, ама на крајот не успеа да дојде барем до бод!