У-19:Надежите се сопнаа на данската тврдина “Фарски острови“

330

Македонија – Ф. Острови 0:0 е резултатот од првиот меч од групата во првата рунда во квалификациите за пласман на ЕП за играчи до 19 години. Секако изненадувачки резултат, да не кажеме сензационален ако се знае дека Македонија беше фаворит и ова беше шанса да се дојде до трите бода. Избраниците на селекторот Димитар Капинковски имале неколку шанси, но сепак не успеале да дојдат до победа. Едноставно се сопнаа од данската тврдина „Фарски острови“, ако се знае дека Ф. Острови се колонија на Данска, на земјата со која утре нашата А-репрезентација ќе бие битка за пласман во финалето од плеј – офот за пласман на ЕП.

Инаку во групата на турнирот, кој се игра во Холандија, која е домаќин и селекцијата на Ф.Острови, тука е и селекцијата на Молдавија.

На денешниот меч за Македонија настапија:

Трајков, Марковски, Кесиќ, Мустафи, Секирски, Мрмачковски, Ангелевски, Талески, Бранковски, Илјази и Хоџа.

Настапија и Танчев, Жаку, Бучевски, Марковски и Рочи.

ПретходноБарди: Против Данска да покажеме што знаеме!
СледноДанило Брестовац ја освои шампионската титула во Катар