Македонија – Данска 1:1 (07.09.1994): Кога во 4.минута се “стресе“ Градски!(ВИДЕО)

202
ФОТО:print screen/youtube

Вечерва на “Паркен стадионот“ во Копенхаген, во меч од полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП 2026, Македонија по четврти пат ќе ги одмери силите со силната селекција на Данска. Досега имаме една победа, едно реми и еден пораз и подобра гол разлика.

Данска ја победивме во пријателски меч во Скопје на 06.02.2013 со 3:0 и тоа со головите на Пандев, Ибраими и Новески.

Пораз сме доживеале на гости со 1:0 на 26.04.1995 во квалификациите за ЕП 1996.

Сепак, иако имаа речиси 32 години од тогаш, во вечно сеќавање ќе остане тој прв меч (07.09.1994) со Данците на “Градски“ во Скопје, кога беше 1:1. Квалификациски за ЕП 1996 и прв официјален меч за Македонија.

Тогаш Данска беше европски првак, но Македонија си имаше свои адути во Панчев, Б. Ѓуровски, Станојковиќ, Најдоски, Чоко Бошковски, Бабунски…

На трибините имаше најмалку 22.000 гледачи, атмосферата фанастична. И дојде таа 4.минута кога Македонија со голот на Митко Стојковски поведе со 1:0, кога се “стресе“ Градски. Тоа не се опишува со зборови, кој бил таму знае.

Македонија го газеше европскиот шампион, но се случи да судијата Марио ван ден Енде виде лакт на капитенот Панчев врз еден Данец и Македонија остана со играч помалку. И покрај тоа добро се држевме, имавме водство од 1:0 се до таа 86.минута кога Поулсен израмни на 1:1.

Инсерти од тој меч можете да погледнете на видеото:

ПретходноПандев во поткастот на ФФМ: „Тактиката на Ангеловски беше – ајде ќе му ја дадеме топката на Горан, па што биде“! (ВИДЕО)
СледноЈокиќ за малку до „двоен“ трипл – дабл (ВИДЕО)