„The Moose is ready“….поддршка за Македонија и од Америка

196

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 на Паркен стадионот во Копенхаген го игра полуфиналниот меч од баражот за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада следното лето.

Нашиот национален тим има нова шанса за историски успех и премиерен пласман на најголемата фудбалска смотра на планетава, откако своевремено во Палермо ја победивме Италија, но Португалија беше непремостлива пречка.

Сега, со нов селектор во името на Гоце Седлоски имаме нова шанса за таков подвиг, но и со нов напаѓач.

„Шпицот“ на МЛС тимот Дени Мусовски за прв пат е дел од нашиот национален тим, токму на овие бараж дуели.

Мусовски ќе биде нашето „скриено оружје“, а неговиот тим Сиетл со посебен пост на социјалните мрежи и дава поддршка на Македонија.

„The Moose is ready“...напиша Сиетл, објавувајќи слика на Дени Мусовски со знамето на Македонија. Секоја чест….

ПретходноЈокиќ за малку до „двоен“ трипл – дабл (ВИДЕО)
СледноФФМ приказна од Данска: Копенгахен важи за најсреќниот град на светот, нека биде таличен вечерва и за Македонија(ВИДЕО)