За Спортспорт од Копенхаген Огнен Чак Дојчиновски
Каков ќе биде стартниот состав на новиот селектор Гоце Седлоски вечерва на „Паркен“, стадионот во Копенхаген каде од 20:45 часот нашиот национален тим и гостува на Данска во бараж мечот за пласман на СП!?
Со оглед на минатиот тренерски труд, а во пресрет на големи и тешки натпревари – кај Седлоски во преден план е неговата природна позиција од играчките денови – дефанзивата! Така било и пред 4 години во Палермо со Благоја Милевски на клупата, така ќе биде и вечерва. Нема влегување гард со силните, брзи и многу добри дански фудбалери. Една, па втора дефанзивна зона.
Со тројца позади пред Столе Димитриевски. Се очекува тоа да биде триото Стојчевски, Муслиу, Зајков. Во таа формација најважни се страничните играчи. Таму се очекува Седлоски да пробие и да добие на брзина затоа што на левата страна го има дебитантот Херера а на десната тоа е супер брзиот Дарко Чурлинов. Во средината е командантот Енис Барди кој треба да има дефанзивен партнер во Исник Алими но третиот „тркач“ се бара помеѓу Атанасов или Николов. Во нападот сигурен е Елиф Елмас додека предноста пред сите останати „килер гол“‚ играчи барем засега треба да ја има Растодер.
Тој игра во страшна форма и дава многу голови за Тун и барем сега е пик број еден за шпицот на нападот кај Гоце Седлоски. Миовски и човекот историја – Александар Трајковски, ќе треба да бидат џокерите од клупата и да ја донесат сезнацијата вечерва во Копенхаген.
Од она што е последно како информација од нашиот табор е дека за вечерва од составот отпаѓаат Станковски, Рамадани, Фетаи и Костадинов поради жолти картони.










