Николов: Данска е силна, но квалитетот на Македонија ќе излезе на површина

139

Од Копенхаген за Спортспорт, Огнен Чак Дојчиновски 

Македонскиот фудбалски национален тим вечерва од 20:45 часот на стадионот Паркен во Копенхаген има задача да приреди уште една сензација во својата историја и да ја елиминира домашната Данска во рамките од полуфиналето од бараж мечеците за пласман на следниот Мундијал во САД, Канада и Мексико.

Нашиот национален тим ги има сите потребни информации за противникот. Интеренерот веќе е стандардна алатка за се и сешто, фудбалот веќе нема енигмни, но секогаш постои некој „X“ фактор кој што може да се сокрие, а да биде пресуден.

Данците се силни, моќни… во себе имаат огромен број на квалитетни играчи. Со што можат да не изненадат, или да не не изненадат најдобро знае некогашниот капитен на младата репрезентација на Македонија, Иван Николов. Играчот за врска две и пол сезони беше дел од данскиот суперлигаш, Сондерјиске, а имаше тракта епизода и во тимот на Хвидовре како позајмен играч.

Тој во моментов е дел од тимот на Радник Бијелина но и тоа како добро го познава состојбите во данскиот фудбал.

„Благодарност до Спортспорт, што се сети на мене во оваа прилика. Навистина голем момент за македонскиот фудбал, за македонската репрезентација. Среќен сум што имаме голема шанса за да направиме историски успех. Што можам да кажам како некој што ете бил дел од тој дански фудбал две и пол години? Данска е многу организирана и дисциплинирана репрезентација. Играат брз и модернен фудбал, со многу трчање и тактичла зрелост. Немаат многу слабости и секогаш се компактни како тим. Тимскиот момент е многу важен кај нив“  – ја започнува својата мини анализа Иван Николов за нашиот вечерашен противник па веднаш во еден здив продолжува.

„Тоа е селекција што игра напаѓачки но и многу одговорно во одбрана. Често користат висок пресинг и брзи транзиции. Ако сме на тоа исто максимално ниво кој што го покажавме многу пати против светски репрезентации, верувам дека можеме да го сториме тоа и вечерва, и да ја израдуваме нацијата“ – вели играчот за врска.

На „Паркен“ не чека „жешка“ атмосфера

„На Паркен не очекува одлична атмосфера. Данските навивачи се фанатици за фудбал и даваат голема поддршка, особено на вакви важни натпревари. Знаат да бидат „дванаесетти“ играч“ – вели Николов

Поединци да, но Данска е квалитетна пред се како колектив

„Па треба да внимаваме на нивните клуčни играčи како Расмус Хојлунд кој е многу опасен и корпулентен напагјаč, исто така Ериксен кој е мозокот на екипата, но во глобала целиот тим е квалитетен и мозе секој да направи проблем“ – вели некогашниот капитен на У21 репрезентацијата на Македонија.

Мора да сме компактни, цврсти во одбана и да ги искористиме шансите

Конечно, го запрашавме Иван Николов како Македонија да дојде до посакуваниот успех вечерва.

„Да играме компактно, со цврста и стабилна одбрана, да пробаме да играме да ги искористеме нашите шанси. Тимската игра ке биде клучна. Македонија мора да верува во себе, да игра со срце, и верувам дека ќе дојдеме до позитивен резултат затоа што имаме голем квалитет. И ја посакувам целата среќа на светот на Македонија вечерва. Сите сме со момците на терен вечерва“ – вели Иван Николов за Спортспорт.

ПретходноДанска во паника, нашите ќе играат со нож на грло!
СледноПлеј-оф: Почнува битката во Европа за последните четири “визи“ за СП! На Италија и “гори“!(ФОТО)